Инфо

 Нашиот хотел поседува:

Паркинг Ресторан и ресторан-тераса бар услуга во соба плажа 24 часа интернет врска

Временска прогноза:

Click for ?????, Macedonia Forecast

  Ресторан

Во богатата понуда на хотел Два Бисера спаѓа и ресторанот кој е во склоп на хотелот. Тука посебно вреди да се истакне летната тераса која е дел од ресторанот и е во непосредна близина на Охридско Езеро, а со тоа нашите гости можат да го спојат уживањето во гурманските специјалитети на наштите мајстори на кујната со убавините на Охридското Езеро.



ДВА БИСЕРА е надалеку познат по својата кујна, која како своевидно царство на вкусовите ви ги нуди своите домашни и интернационални специјалитети.
Ресторанот располага со 50 седишта и 100 седишта на отворената тераса. Посебниот пристап на нашите кулинарски виртуози кон секој спремен оброк, како и бројните пофалби и импресии од страна на нашите ценети гости, ни даваат за право да се препорачуваме кај вас и да ве поканиме и вие да го вкусите тоа задоволство кое ретко каде се сретнува.

Тука можете да ги вкусите највкусните Интернационални и Национални јадења, јадења од слатководна риба, а посебна препорака е да го почнете денот со нашата надалеку позната рибина чорба.


© Хотел Два Бисера - Охрид