Опременост
Сите простории се опремени со француски лежај, мини бар(фрижидерче), ТВ со кабловска и сателитска телевизија, безжичен интернет телефон, бања со када или туш-кабина, тоалетно масиче а на располагање Ви стојат и помошните легла кои можат да се сместат во речиси сите соби.
Собите и апартманите се целосно климатизирани и во зависност од локацијата имаат тераси од кои се простира прекрасна гледка на околината.
За вашиот удобен и незаборавен престој се грижи и рецепцијата која ви стои на располагање 24 часа. Како на наши гости, ви овозможуваме гратис користење на лежалки и чадори за на плажа, а за вашиот престој на плажата да го направиме што по удобен, со задоволство ќе ве послужиме и со ладни напитоци и коктели.


