
Ресторан Капацитет
Хотелот “Два Бисера“ е надалеку познат по својата кујна, која како своевидно царство на вкусовите ви ги нуди своите домашни и интернационални специјалитети.
Ресторанот располага со 40 седишта и 90 седишта на отворената тераса.
Тука посебно вреди да се истакне амбиентот на летната тераса која како дел од ресторанот е со прекрасен поглед кон езерото, Тука, нашите гости можат да го спојат уживањето во гурманските специјалитети на нашите мајстори на кујната со убавините на Охридското Езеро.
Бројните пофалби од страна на нашите ценети гости, посебниот пристап на нашите кулинарски виртуози кон секој спремен оброк како и вниманието и професионалноста при служење на ресторантскиот персонал, ни даваат за право да се препорачаме кај вас и да ве поканиме и вие да го вкусите тоа задоволство кое ретко каде се сретнува.
Тука можете да ги пробате највкусните специјалитети, скара и јадења од слатководна риба, а посебна препорака е да го почнете денот со нашата надалеку позната рибина чорба.
Ќе ни биде особена чест, ако ни ја доверите организацијата и на вашите деловни или семејни свечености.

