ДОБРЕДОЈДЕ

Хотелот “Два Бисера“ е сместен во локалитетот Лагадин, оддалечен 8 км од древниот град Охрид.
Овој мал и интимен (но луксузно опремен) капацитет го сочинуваат две вили со прекрасен поглед на Охридското Езеро сместени недалеку од езерскиот брег.
„Два Бисера“ е идеално катче за одмор за оние кои го сакаат мирот и прошетките по песочните плажи, но и за оние кои посакуваат активен одмор и разонода, заради близината на бројните дискотеки, кафулиња и спортски терени. Со прекрасна местоположба и беспрекорна услуга, хотелот „ДВА БИСЕРА“ ви нуди комплетно доживување во текот на целата година.
Ние ќе се погижиме моментите поминати кај нас да останат дел од вашите најубави спомени. Хотелот „ДВА БИСЕРА“ импресионира со својот конфор, луксуз и ненадмината убавина.

