Сместување

Авто Кампот „Градиште се простира на околу 90 000 м2 на брегот на Охридското езеро.
Како гости во кампот на располање ви стојат 8 бунгалови и 20 камп приколки.
Бунгаловите се опремени со 3 единечни кревети, бања, фрижидери, решоа, маси со столови, постелнина и сл.
Камп приколките се опремени со 4 легла (брачни и единечни), фрижидери, решоа, маси со столови или клупи, постелнина и сл.
А.К. „Градиште“ располага и со 100 слободни локации за поставување на шатори и камп приколки. Паркингот ви е обезбеден на лице место.
Кампот располага со неколку стотини локации кои се издаваат по пат на годишни договори за закуп.
Во склоп на кампот се наоѓаат рецепција, 2 маркети, 3 санитарни чвора, три плажи послани со лежалки, педалинки и други водени и реквизити за на плажа, дискотека позната по забавата и бројните концерти како и ресторант на самата плажа.

