Автокамп Градиште
Авто кампот „Градиште“ е лоциран на 14 километри од градот Охрид на пaтот кон манастирот Св. Наум Охридски, и е во склоп на националниот парк„Галичица“.
Во густите сенки на боровата шума, во ладовина и прекрасна атмосфера сместени се неколку стотини камп приколки, бунгалови, и шатори чии станари секоја година споделуваат незаборавни моменти во еден од најуредените кампови во Македонија.
Градиште се протега на речиси 90 000 м2 од брегот на Охридското езеро.

