Активности
Авто кампот„Градиште“ е место каде што се организираат многубројни забави, концерти, забави на плажа, курсеви за нуркачи, едрење, параглајдинг и слични активности.
Кампот е во склоп на националниот парк „Галичица“ и е добра појдовна точка за планинарење и прошетки во недопрената планинска природа.
Во склоп на третата плажа се наоѓа и пештерската црква Св. Богорица. Во непосредна близина на А.К. „Градиште“ се наоѓа музејот на вода -наколна населба позната како „Залив на коските“ која претставува значајна праисториска локација единствена по својот вид на овие простори и место кое дефинитивно мора да се посети.


